| четврток, 6 декември 2018 |

Како спие, така љуби

maz sto spie

Обрни внимание на партнерот додека спие и дознај за тоа каков е тој во врската.
На стомак – тој е… човек кој сака да држи сѐ под контрола. Тој не заприра, дури и додека спие. Покривајќи го креветот со телото, го контролира просторот каде што спие. Од ова произлегува уште една карактеристика – тој е упорен. Таквите мажи се насочени кон целта и ништо не може да ги одврати од тоа, велат експертите.
Сексуалните желби и потреби на човек кој спие на стомак- се труди да ѝ угодува на својата сакана. Сака положби во кои и двајцата ќе уживате но, исто така сака кога ќе му приредите некое изненадување, со некоја нова положба.
На грб – тој е … сигурен во себе, оптимист и отворен. Додека спие, не ги крие чувствителните делови на своето тело, што е показател на самоувереност. Обрнете внимание на положбата на рацете и на дланките. Ако рацете му се зад главата, тој е малку вообразен. Луѓето што спијат на грб се многу социјални и сакаат да бидат во центарот на вниманието, тврдат експертите.
Сексуални желби и потреби: Тој сака енергични, страсни епизоди на сексот во мисионерска или кучшката положба. Во спалната соба сака да го држи последниот збор, а тоа му го дозволуваат овие положби.
Немирно спиење – тој е … под стрес. Во сонот често ја менува позицијата на телото.
Сексуални желби и потреби на мажите кои се под стрес или сакаат многу секс или воопшто не сакаат. Ако вашиот маж спаѓа во првата категорија, дозволете му брз секс, или пак опуштете го со масажа пред да му го дадете целото задоволство.
На страна – тој е … безгрижен и неоптоварен. Тоа е честа положба за спиење, а мажите кои сакаат да спијат така, се опуштени и склони кон компромиси. Ако забележите дека колената ги вовлекува кон градите и зазема фетална позиција, тој е емоционален и копнее за безбедност.
Сексуални желби и потреби: Тој е голем емотивец, а тоа значи дека сака долга и нежна предигра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top