| четврток, 6 декември 2018 |

Вицешампион го пропушта СП зашто не сака опрема од „Најк“

nik-500
Американскиот атлетичар Ник Симондс објави дека не е на листата на учесници на Светското првенство во Пекинг поради конфликтот околу опремата што може да ја носи како член на тимот.
Симондс, кому спонзор му е „Брукс Ранинг“ одби да го потпише задолжителниот договор со Атлетската федерација на САД според кој атлетичарите на таа земја може да носат само опрема „Најк“.

Американецот пред две години на Светското првенство во Москва освои сребро на трката на делницата од 800 метри.

„Добив информација дека не сум во тимот на селекцијата за Пекинг“, напиша тој на „Твитер“.

„Драго ми е што не се откажав и што ја водев мојата борба за правата на атлетичарите“, додава спортистот.

„Им благодарам на медиумите и на навивачите за поддршката“, нагласува атлетичарот.

„Наскоро ќе го претставам доказот дека Атлетската федерација на САД краде милиони долари од атлетичарите и се збогатува на сметка на нивниот напорен влог“, додава тој.

Владејачкото тело на американската атлетика објави соопштение во кое истакнува дека го почитува Ник без оглед на одлуката која ќе ја донесе тој.

„Во сите спортови постои стандард по прашањето на униформите на тимовите и опремата“, велат челниците.

„Даваме сè од себе да направиме биланс меѓи личните интереси на спортистите со тие на федерацијата и на тимот“, додаваат одговорните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top