| четврток, 6 декември 2018 |

Зголемен сообраќај на автопатиштата, на границите без поголеми задржувања

колона

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, информираат од АМСМ. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Оттаму велат дека патниот правец Тетово – Попова Шапка е исчистен и сообраќајот се одвива нормално во двата правци. Делот од коловозот на регионалниот пат Тетово – Јажинце, кај село Доброште е исчистен и на тој дел од патот сообраќајот е нормализиран.

Кај село Порој во прекин е регионалниот пат Тетово – Јажинце, а како алтернативен пат се корисити патот низ село Порој.

Поради надојдена вода на Вратничка Река, целосно е оштетен мостот што сообраќајно ги поврзува селата Орашје и Нераште.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top