Пријатниот сон, меѓудругото, е резултат и на добрата подготовка. Прочитајте ги овие 12 совети за подобрување на сонот.
1. Држете се до распоредот
Без разлика како сте спиеле, обидете се секој ден да се будите во исто време. Ако се обидете да надополните за загубениот сон за време на викендот, тоа само дополнително ќе Ви го отежни станувањето во понеделник. Исто така, легнувајте си во исто време секоја вечер.
2. Следете го сонцето
За да спречите распад на биоритамот, потребни Ви се барем два часа сончева светлина днвено, а истражувањата покажале дека многу луѓе не ги добиваат. Тоа е причината зошто треба секојдневно да излегувате на прошетка, на сонце.
3. Вежбајте!
Физичката активност пред спиење не е препорачлива. Но, кога сте физички активни неколку часа пред легнувањето, тоа ќе предизвика пријатен замор. За фазите на сонот да бидат подолги и подлабоки, треба да вежбате редовно или најмалку три пати неделно.
4. Не јадете предоцна
За организмот да има доволно време да ја свари храната, јадете најдоцна на три часа пред легнување.
5. Направете си топла бања
Опуштањето во топла бања пред спиење ќе ја зголеми телесната температура, а кога таа ќе започне да се спушта, тоа е биолошки знак за спиење.
6. Создадете си ритуал
Секоја вечер пред легнување, следете одреден ритуал и побргу ќе заспиете. Обидете се со слушање музика, читање, итн.
7. Легнете си на време
Човечкото тело е програмирано да се одмара помеѓу 22 и 6 часот. Обидувајте се да се будите по неколку минути порано секој ден, за побргу да заспивате навечер.
8. Не пијте многу навечер
За да спречите будење во ниедно време и одење во тоалетот, не пијте ништо околу 2 часа пред легнување. Честото станување ноќе може да го наруши сонот и да го намали квалитетот на одморот.
9. Без никотин
Тутунот е лош за здравјето од повеќе причини. Стимулирачкиот ефект на никотинот исто така води и до несоница. А, ако навистина не можете да се откажете од пушењето, палете ја последната цигара најмалку два часа пред легнување.
10. Облечете ракавици и чорапи
Ова ги зголемува крвните садови во дланките и стапалата и Ви помага да заспиете. Крвта тече низ продолжени вени директно под кожата, каде што се лади. Штом таква ќе се врати во внатрешните органи, ја снижува телесната температура.
11. Пониските температури се добри за спиење
За да не Ви студи, покријте се со ќебе, но држете пониска температура во собата во која спиете.
12. Избегнувајте превртување во креветот
Можеби звучи глупаво, но истражувањата покажаа дека колку подолго се превртувате во креветот, толку понемирно ќе Ви биде спиењето. Ако не можете да заспиете, подобро станете и започнете да слушате нежна музика или да читате книга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.