Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне во западните и југозападните делови од земјава ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а дневната од 30 до 37 степени.
Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 35 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во среда и четврток времето ќе биде потопло, ќе се задржи попладневната умерена облачност, но ќе биде претежно стабилно.
Локални врнежи од дожд и малку посвежо време се очекуваат за време на следниот викенд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.