| четврток, 6 декември 2018 |

Над илјада жртви во горештините во Пакистан

паки

Бројот на жртви во топлотниот бран што ги погоди Карачи и пакистанската покраина Синд се искачи над 1.000 луѓе, соопштија пакистанските власти.

Поголемиот број жртви се постари луѓе од сиромашни семејства од најголемиот пакистански град Карачи, каде што температурата на воздухот во последните денови изнесуваше 45 Целзиусови степени.

Во борбата со екстремно високите температури учествува и армијата, која постави посебни центри за прва помош од горештините.

Повеќе од илјада луѓе се хоспитализирани, а некои од нив се во критична состојба.

Покрај горештините, жителите на Карачи, град со над 20.000 жители, имаат проблем и со честите прекини на електрична енергија, поради што во повеќе населби имаше протест.

Во Карачи во 1979 година е измерена највисока температура од 47 Целзиусови степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top