Британскиот драматург Вилијам Шекспир пишувал под дејство на канабис, тврдат експерти од Универзитетот Витватерсранд во Јужна Африка, кои ги анализирале остатоците од глинени лулиња пронајдени во 2010 во градината на неговата куќа во Стратфорд на Ејвон.
Резултатите на нивната студија, објавени во списанието „South Africain Journal of Science“, укажуваат на присуство на канабис во осум лулиња, додека во две други, пронајдени во дворот на соседите на Шекспир, се идентификувани траги од кокаин.
Френсис Такери, еден од истражувачите, наведува дека Шекспир веројатно бил запознаен со негативните ефекти на кокаинот, кој наводно во Англија го донел славниот морепловец и гусар Френсис Дрејк, и повеќе го сакал канабисот, чие конзумирање, поради стимулативните својства, во тој период било многу раширено.
Јужноафриканските научници, во лулињата стари 400 години, покрај канабисот и кокаинот, пронашле и траги од неколку видови тутун кој се користел во 16 век.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.