Британските имигрантски власти најавија започнување со „широка операција“ за откривање на илегалните имигранти во Велика Британија, кои се бесправно ангажирани во домашната економија, соопшти министерот за имигација Џејмс Брокеншир.
Операцијата ќе започне оваа есен и со неа ќе бидат опфатени и домашните работодавачи, кои илегално ги ангажираат „илегалците„ -најчесто во градежниот сектор, како и во домовите за нега на стари и немоќни луѓе и во сервисите за чистење.
-Оние кои им даваат работа на илегалните имигранти, заобиколувајќи ги правата на британските државјани и на легалните имигранти, ги соборуваат вредностите на пазарот за трудот и во вработувањето во земјата- изјави за „Тајмс“ министерот Брокешир.
За оваа есен, министерот најавува и нови, уште построги мерки против илегалните имигранти и поостри казни за работодавачите на овие луѓе.
Најавите на имигрантските власти доаѓаат по изјавата на министерот за надворешни работи Филип Хамонд, кој за време на својата посета на Сингапур, порача дека африканските имигранти кои ги означи како „грабливи„ претставуваат закана за „британскиот начин на живот“ и ја загрзоуваат социјалната структура на земјата.
Министерот Хамонд рекол дека ЕУ, засега, не може да се заштити себе си од имигрантскиот наплив.
Ова е досега најострата изјава на еден висок функционер во британската влада, од избувнувањето на кризата со имигрантите на Медитеранот и во реонот на францускиот град Кале, на брегот од каналот Ламанш.
Британската опозиција ја означи и како „најгруба“ изјава досега, обвинувајќи ги Хамонд и владата за „плашење“ на луѓето и за подигање тревога во јавноста, која според лабуристите е бесполезна.
Домашните медиуми се поделени околу изјавата на шефот на британскиот Форин Офис, но весниците блиски до владеачките ториевци, како и оние познати по својата антиимигрантска реторика, ја подржуваат „цврстата позиција„ на владата.
Според „Сан“ министерот Хамонд е во право кога укажува на проблемот со имигрантите. Весникот кој не може да се означи како проевропски, бара од ЕУ во овој случај да биде целосно единствена.
„Сан“ сугерира, европските власи да се согласат со депортирањето на илегалните имигранти од таму од каде влегле на територијата на ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.