Таа не е ниту Кејт Мос, ниту Адријана Лима, ниту Алесандра Амбросио. Запознајте ја Џоан Смолс од Портотико, која е на првото место на годинешната листа на најдобрите маникенки во светот, според порталот www.models.com, пишува британскиот весник „Сан“.

Тоа значи дека освен што Смолс е ангел на „Викторија сикрет“, таа работи и на ревии, кампањи и нема слободен ден бидејќи постојано е ангажирана на разни модни недели…
Смолс има 25 години, а само четири години е на модната писта. Дизајнерите ја обожаваат – од Стела Макартни до модната куќа „Версаче“. Родена е во село, во Порторико, на фарма, од мала сакала да биде маникенка, а нејзините родители кои се многу традиционални, не се согласувале со нејзините соништа. Кога имала 16 години се договорила со татко ѝ – тој го финансирал патот до Њујорк, за таа да замине на кастинг, но морала да заврши факултет. Смолс завршила психологија и направила бум во модната индустрија.
Работела за марките „Ејџ енд ем“, „Естер Лаудер“, „Живанши“, потоа била на насловните страници на „Вог“ и на други престижни списанија и потпишала договор за „Викторија Сикрет“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


