| четврток, 6 декември 2018 |

Мистериозна смрт на млада манекенка: Гола паднала од 20 кат – семејството не ѝ верува на полицијата

Осумнаесет годишната манекенка Ивана Смит е пронајдена мртва под сомнителни околности во Куала Лумпур, главниот град на Малезија.

Медиумите пишуваат дека младата манекенка, добро позната во таа земја каде живее од својата петта година со својот дедо, починала по забава со еден богаташ, трговец со криптовалута и неговата сопруга, пишува британски Експрес.

Малезинската полиција на родителите на Ивана им кажела дека таа паднала од 20-ти кат, а била пронајдена на 6-тиот кат без облека.

Несреќните родители кои во Малезија стигнале од Холандија побарале истрага од Интерпол бидејќи се сомневаат дека станува збор за криминални активности и сомнителни околности за смртта на нивната ќерка. Во нејзината крв имало присуство на алкохол и екстази по смртта.

Дедото на Ивана Фредерик Смит изјавил дека не може да поверува дека неговата внука паднала од 20-ти кат.

-Таму е пронајдена гола. Каде и се чевлите и облеката? Веруваме дека постојат криминални елементи во смртта на Ивана. Секако дека не веруваме во приказната на полицијата бидејќи не можат да ни дадат ниту фотографии, ниту извештај од лице место, изјавил Фредерик кој ја контактирал холандската полиција и Интерпол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top