| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјани се истепале со охридски полицајци

Охридската полиција поднесе кривична пријава за напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста против Р.А.(22) и Е.К.(19) двајцата од Скопје.

Настанот се случил на булеварот „Туристичка“ во Охрид во момент кога полициски службеници вршејќи контролата на сообраќајот прописно сопреле патничко моторно возило марка „форд ескорт“ со скопски регистарски таблици и од возачот Р.А. побарале возачки документи. Во следниот момент, двајцата пријавени вербално и агресивно реагирале и од полициските службеници на висок тон побарале да не им се доближуваат, по што им упатиле закани за убиство. Револтиран што полицискиот службеник продолжил со службените активности, пријавениот Р.А. се обидел физички да го нападне кинејќи му делови од униформата. При обид да влезе во неговото патничко возило, со нога го повредил другиот полициски службеник. Нападот врз полициските службеници во кој се вклучил и второпријавениот Е.К.- сопатник во возилото, бил одбиен а двајцата, по консултација со јавен обвинител се приведени во СВР Охрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top