| четврток, 6 декември 2018 |

Во Пакистан седум лица уапсени поради злоупотребување 300 деца

деца

Седум лица беа уапсени во Пакистан под обвинение дека извршиле секуално насилство врз деца, ги снимале и ги дистрибуирале снимките, јави БТА.

Се очекуваат уште апсења, а досега се конфискувани 19 снимки. Скандалот ја потресе провинцијата Пенџаб, а според истрагата најмалку 280 деца биле сексуално злоупотребувани од група од 25 лица.

Тие ги принудувале децата меѓусебе да стапуваат во сексуално односи и ги снимале. Од 2007 година обвинетите направиле 400 снимки. Злоделата се извршувале во селото Хусеин Ханвала, југозападно од градот Лахор. Некои од видеата биле продавани дури и на пазарите во Пенџаб.

Во некои случаи обвинетите ги уценувале родителите на децата барајќи пари од нив како гаранција дека снимките со нивните деца нема да бидат дистрибуирани.

Некои од родителите велат дека го пријавиле случајот во полиција, но дека таа место да ги уапси насилниците, ги привела децата, кои биле жртви на сексуалното насилство.

Премиерот на Пакистан Наваз Шариф изјави дека е длабоко разочаран од овој скандал и вети дека виновниците ќе бидат најстрого казнети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top