| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајдено телото на Рина, девојчето што исчезна во поплавите во Шипковица

Пронајдено е телото на девојчето што исчезна во поплавите што минатата недела ги погодија Тетово и теовскиот регион, објави „Алсат-М“.

tetovo-6

Како што објави телевизијата, Жителите на Шипковица, во соработка со војската денеска го пронашле безживотното тело на шестгодишната Рина, исчезната уште од првиот ден од поплавите.

Нејзиното тело е пронајдено под урнатините од куќата на нејзиниот братучед, неколку куќи подалеку од нејзиниот дом.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top