| четврток, 6 декември 2018 |

Славен Билиќ доведува суперзасилување за 17 милиони евра

Хрватскиот тренер на клупата на Вест хем Славен Билиќ е во фокусот на вниманието на фудбалската јавност во Англија.
Тој со својот тим оствари победа на премиерниот меч во новата сезона во Премиерлигата против Арсенал на гостински терен.
По неколкуте лоши резултати во подготвителниот период, Билиќ покажа дека е голем тренер. Сепак, тој не сака да лета во облаци и укажува на фактот дека сезоната во Англија ќе биде долга и сака дополнително да го засили тимот.
Играчот што минатата сезона беше на заем во Реал Мадрид од Манчестер јунајтед, Чичарито, е пред вратите на тимот од источен Лондон.
Во Реал Мадрид не ја доби потребната минутажа, па се врати во редовите на Јунајтед, но менаџерот на „црвените ѓаволи“ нагласи дека не смета на услугите на мексиканскиот репрезентативец.
Тоа сака да го искористи Билиќ, кој се надева дека може да го засили самиот напад со уште еден врвен играч.
До крајот на оваа недела се очекува Чичарито да потпише договор со „чеканите“ и да дебитира на домашен терен во натпреварот против Лестер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top