| четврток, 6 декември 2018 |

Оштетена и ограбена црква во тетовско

Црквата Света Петка во тетовското село Теново деновиве била мета на вандали кои најпрво ја оштетиле, а потоа и ја ограбиле.

–         Непознати сторители во изминатите неколку дена ја оштетиле, а потоа украле пари од црквата „Св.Петка“ во тетовското село Теново,  изјави портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Крадците скршиле прозорец на црквата, влегле внатре и одзеле околу 200 денари. Според членот на црковниот одбор кој го пријавил случајот, штетата нанесена на објектот е многу поголема од одземените пари.

Полицијата извршила увид и презема мерки за откривање на сторителите на кражбата и оштетувањата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top