| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски возач во притвор по тешкиот карамбол во Србија (ФОТО)

Две деца загина, а десет лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа на автопатот Ниш – Белград, кај местото Велика Плана. Во несреќата, која се случила околу 2 часот утрово, учествувале шест возила.

651315_vozila-koja-su-sinoc-ucestvovala-u-udesu090814foto-nenad-pavlovic-001_f

До несреќата дошло кога прво „БМВ“ удрило во „фиат“, и двете со белградски регистарски таблички, по што возилата се тргнале на страна. Кога ја забележал сообраќајката, возачот на „тојота“ со германски таблички, почнал да ја намалува брзината, но македонски автобус со голема брзина налетал врз него.

hro-u-stravicnom2

 

Во „тојотата“, во која се наоѓало 7-члено семејство од Германија, на самото место загинале бебе и 7-годишно дете. Нивните мајка и татко со другите три деца биле тешко повредени и пренесени во болницата во Смедерево. Едно од децата се уште е во критична состојба.

 

 

Возачот на автобусот, кој бил возел на релација Гостивар – Виена, не застанал, туку продолжил да вози, по што удрил и во „крајслер“ со бугарски регистерски таблички, кога тешко била повредена 30-годишна бремена жена, и во „БМВ“ со полски регистарски таблички.

651310_smrskan-auto-gde-su-nastradala-deca090815foto-nenad-pavlovic-001_f

Во своевидниот карамбол на автопатот учествувале шест возила, во кој биле повредени најмалку 10 лица.

Македонскиот возач бил пренесен во болница, а по извршениот преглед му било одредено полициско задржување под сомнение дека извршил тешко дело против безбедноста во сообраќајот.

Според тамошните медиуми, се работи за 48-годишниот Бајрам J., возач на автобус кој сообраќал на релација Гостивар-Виена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top