Полицијата и британската тајна служба МИ5 се во трка со времето да спречат атентат врз британската кралица Елизабета Втора, кој се планира по наредба на водачот на Исламската држава во Сирија.
Според информациите на британските служби, џихадистите планирале да го извршат атентатот следната сабота на свеченост во Лондон кога ќе се одбележува годишнина од завршувањето на Втората светска војна.
Британски Дејли меил пишува дека исламистите планирале да активираат бомба во експрес лонец за време на свеченоста на која ќе учествуваат и голем број високи официјални лица. Бомбата што планирале да ја направат е слична со таа што предизвика крвопролевање на Бостонскиот маратон.
Во центарот на Лондон во сабота ќе се слави победа над Јапонија, на прославата ќе биде и британскиот премиер Дејвид Камерон, како и кралското семејство.
Кралицата, сепак, не планирала да се откаже од учеството на прославата сакајќи да им одаде почест на паднатите борци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.