За разлика од недела, понеделник ќе биде малку пооблачен низ земјава, пишува „Метеопро“.
Врнежи се очекуваат попладне, дел проследени и со грмежи, но ќе бидат позастапени во западниот крај од земјава. Услови за попладневен и вечерен дожд ќе има и во крајниот јужен дел, односно во околина на планините долж границата со Грција. Врнежите ќе бидат локални и со релативно кратко траење. Можно е во изолирани случаи тие да бидат поројни.
Температурите ќе достигнат до 36 степени, а во Скопје нема да се повисоки од 35.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.