Терористите, наводно, планираат атентат врз британската крализа Елизабета, пишува „Дејли мејл“.
Како што се наведува, тие нападот би го извршиле во Лондон, идната недела кога се одбележува годишнината од завршувањето на Втората светска војна.
Според весникот, полицијата и МИ5 се во трка со времето за да го спречат атентатот кој доаѓа по наредба на водачот на Исламската држава во Сирија.
Наводно исламистите планираат да ја активираат бомбата за време на свеченоста во Лондон на која ќе учестуваат високи официјални лица.
Бомбата со која го планираат нападот е слична на онаа која била користена во нападот на Бостонскиот маратон.
Во центарот на Лондон во сабота ќе се слави победата над Јапонија, а на свеченоста ќе присустува и британскиот премиер Дејвид Камерон, како и кралското семејство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.