| четврток, 6 декември 2018 |

Приведени Албанки без документи од угостителски објект во Гостивар

гостивар
Шест државјанки на Република Албанија се приведени доцна синоќа од угостителскиот објект „Нота“ во гостиварското село Чегране.Како што соопшти полицијата, девојките на возраст од 21 до 33 години немале документи за идентификација, а покрај нив се пронајдени уште две. Наводно биле ангажирани како пеачки и танчерки.

Објектот, со решение на Управата за јавни приходи, е затворен на 30 дена, а Полициската станица – Гостивар презема мерки за целосно документирање на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top