| четврток, 6 декември 2018 |

Евакуација на три илјади луѓе во Шпанија поради пожар

Властите во Шпанија денеска побараа евакуација на околу три илјади луѓе поради пожар што веќе трет ден е активен на југозапад во државата.

08082015172013_spain1_3401595b

Во текот на вчерашниот ден домовите ги напуштиле околу 1.400 луѓе. Локалната полиција соопшти дека во огнената стихија на југозапад горат во близина на Мурсија повеќе од 5.000 хектари, а уништени се и околу 3.000 хектари шума во близина на градовите Лорка и Сјеса.
Полицијата верува дека пожарите се намерно подметнати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top