Проектот за бесплатен одмор на децата од семејства приметели на социјална помош ќе продолжи и во иднина, информира денеска премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарски прашања во рамките на посетата на охридскиот регион.
Проектот, потсети премиерот, почна да се реализира во 2012 година и се одвива полни три години со успех. Досега заклучно со последниот зимски одмор околу девет илјади деца беа на летување или зимување, а ова лето предвидени се нови две илјади деца од кои 1.500 досега веќе беа и уште 500 треба да одат до крајот на сезонава.
– Проектот е многу успешен. Многу од децата досега никогаш не биле на летување на езеро или на зимување во планина и претставува вистинска радост за нив, нешто на што ќе се сеќаваат во текот на целиот свој живот. Мислам дека тоа е еден од подобрите проекти што ги искреиравме и сигурно ќе продолжи и во иднина, нагласи Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.