Лондонскиот аеродром Хитроу „врие“ од патници кои секојдневно се упатуваат кон Грција и повеќето летови целосно се пополнети до последно место. Слична е и состојбата со другите северноевропски градови, пишува Ројтерс во својата репортажа за Грција.
Иако е со политички и економски проблеми, Грција врие од странски туристи- забележува Ројтерс.
„На телевизија ни рекоа дека можеме да дојдеме на одмор и нема проблем”, вели Французинот Тибо Лара, кој дошол од Нормандија, додека пие кафе на атинскиот плоштад Синтагма.
Наоколу друга група француски туристи се насочува кон “среќниот воз на Атина, – воз што ги разнесува туристите на главните туристички места во грчкиот главен град, како што е Акропол.
Местата на културното наследство на Грција и туристичките острови не се променети според посетителите, и покрај економската криза, која доведе до затворање на банки и ја доведе земјата до работ на излез од еврозоната.
Туризмот останува со истото темпо – особено досега тој придонесува за една петтина од економската активност на земјата, додека растот на Грција се намали, можеби дури сега неговата улога ќе порасне.
“Туризмот е … нашата тешка индустрија – главен економски извор и главен извор на работни места за многу Грци”, изјави министерот за туризам Елена Кунтура пред парламентот оваа недела.
Според неа, туризмот во моментов нуди околу 750 000 работни места директно, кои можат да стигна до 1,5 милиони, ако се бројат и индиректно поврзаните активности со секторот.
Тешко е да се направи статистика за бројот на туристите во екот на сезоната, но е според егејските авиокомпании сообраќајот е зголемен за 19% во јули во споредба со јули минатата година. Министерството за економија очекува пристигнатите туристи да го надминат рекордот од минатата година од близу 21 милиони луѓе. Некои очекуваат 25 милиони оваа година.
Туристичкиот бизнис заработува од туристи надвор од ЕУ и поради слабото евро. Туристите не се погодени од должничката криза и сиромаштијата поради економските кратења, високата невработеност од 26% и капиталната контрола врз банките.
Сепак некои од туристите се добро свесни за кризата и се радуваат дека нивниот одмор може да биде од корист за Грција.
Во близина на православната црква Капникареа од 11-тиот век стои пар, кој дошла од Ланкашир, Англија. Тие раскажуваат дека се дојдени по втор пат во Грција оваа година на одмор, делумно, за да можат да помогнат.
“Ни се допаѓа, тоа е прекрасно место. Помисливме, зошто да не трошиме пари тука. Ги сакаме Грците”, пишува во репортажата на Ројтерс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција