17 годишен тетовец вчера околу 18.30 часот бил нападнат од две непознати лица додека се движел по улица при што едниот од нив го прободел со нож.
Инцидентот се случил на улицата Киро Ристевски Дрнц во Тетово. 17 годишниот Р.Р. бил со неговиот другар Ш.С. (17) во моментот кога биле пресретнати од двајца непознати. Еден од насилниците без никаква причина и повод му забил нож во десното рамо по што заминале од местото.
Повреденото момче било пренесено во тетовската болница каде му била укажана помош, по што бил пуштен дома.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.