Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска изјави дека Грција нема доволна инфраструктура за справување со приливот на илјадници имигранти, кои доаѓаат до нејзините брегови од земји како Сирија и Авганистан.
– Сега е време да видиме дали ЕУ е солидарна или секој во неа се обидува да ги заштити само своите граници, порача Ципрас.
Ваквата изјава на Ципрас уследи откако Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР) денеска ја повика Атина да го среди „целосниот хаос“ на нејзините острови во Егејското Море, каде досега простигнаа илјадници имигранти.
– Државите на ЕУ исто така мора да сторат повеќе за да го споделат бегалскиот товар со Грција, каде само во јули пристигнаа 50.000 луѓе, изјави директорот на Одделот на УНХЦР за Европа, Винсент Чошетел по посетата на грчките острови Лезбос, Кос и Хиос.
Во меѓу време и Европската унија денеска апелираше до државите-членки да ги исполнат дадените ветувања и да обезбедат авиони и други средства за да може граничната агенција Фронтекс да им помогне на Грција и на Унгарија да се изборат со бранот мигранти.
Лидерите на ЕУ се обврзаа во април дека ќе биде тројно зоголемен буџетот на Фронтекс.
– Ако не ги добиеме тие средства тоа сериозно ќе ги разниша капацитетите на Фронтекс за извршување на тие операции, изјави портптпаролот на ЕУ за прашања на миграција Наташа Берто .
Меѓунардоната организација за миграции (ИОМ) денеска соопштидека во Европа оваа година преку море пристигнале повеќе од 192 илјади мигранти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)