| четврток, 6 декември 2018 |

Македонските одбојкари ја совладаа Полска

Македонската одбојкарска репрезентација постигна нова победа во Европската лига откако вечерва ја совлада Полска на нејзин терен со 3:2 во сетови. Со овој триумф Македонија се проби на втората позиција на табелата во групата и со тоа ги задржа шансите за пласман на второто место и учество на завршниот турнир.

OdbojkaMak

 

Резултат по сетови: 26:24; 22:25; 24:26; 25:20 и 15:12.

Македонските одбојкари поведоа со 1:0, а потоа противникот го презеде водството со 2:1 во сетови. Во продолжението повторно избраниците на селекторот Жарко Ристоски беа сигурни и успеаја да изедначат на 2:2. Во решавачкиот сет Македонија ги искористи своите шанси и ги казни грешките на противникот.

Полска и Македонија ќе одиграат утре уште еден натпревар со почеток од 17 часот. Во тек е дуелот меѓу Естонија и Израел.

Табела А група: Естонија 8­0 (победи­порази), Македонија 6­3, Полска 6­3, Австрија 2­6, Данска 2­6 и Израел 1­7.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top