Двајца скопјани се уапсени под сомневање дека изрвшиле 30 кривични дела во кои украле пари и роба во вредност од околу 1,5 милиони денари.
Крадците оперирале низ цело Скопје од јуни лани до јануари годинава. О.Б.(29) и Н.З.(44) најмногу оперирале во Гази Баба, Центар и Аеродром, каде извршиле по четири кражби, во два наврата извршиле кражби во Карпош, а по еднаш во Ѓорче Петров и Кисела Вода.
Во исто време имале и 14 тешки кражби во обид од кои пет во општина Центар, три во опшина Карпош, две на подрачјето на Бит Пазар, и по едно во општините Гази Баба, Ѓорче Петров, Аеродром и Чаир.
Од МВР велат дека во 24 случаи кражбите и провалите биле извршени на тој начин што со тврд предмет ја обивале вратата, а потоа влегувале внатре, вршеле претурање и пребарување по мебелот по што го напуштале лице местото. Во останатите шест случаи кривичните дела се извршени со кршење на прозор од балконски врати.
При извршениот претрес во станот во кој живееле осомничените пронајдени се поголем број на разни предмети и тоа: дигитална вага, мобилни телефони, лап топ компјутери, дигитални фотоапарати, парфеми, камера, рачни часовници, женски чанти, патни торби, паричници, сим картички, накит, алати за извршување на кривични дела, УСБ-иња, ДВД со звучници, три куршуми, кесе со тревкаста материја, шприцеви, метадон и друго за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од кривични дела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


