Топлите денови дополнително ја уништуваат влагата на кожата. Затоа најчест проблем во летото ни е сува, дехидрирана и безживотна кожа.
Немој веднаш да посегнувате по скапите хидрантни креми. Тоа не е единственото решение. Може како за промена да пробате една ефикасна маска која дава загарантирани резултати.
За да ја направите потребно ви е едно парче папаја, малку јогурт и мед. Миксот од овие состојки има сé што и е потребно на кожата.
Маската ставете ја на лицето, вратот и деколтето. Оставете нека делува 8 до 10 минути и измијте се со млака вода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.