Со свежо сирење против брчки
Направете маска од 3 лажици свежо кравјо сирење и шолја црн чај кој треба да отстои 1 час по варењето. Нанесете ја маската на лицето и по 10-15 минути исплакнете со студена вода.
Јогурт за мека кожа
Помешајте 1 полномасен јогурт со 1 лажица масло по желба и нанесете на цело тело пред туширање. Мирувајте 10тина минути, а потоа исплакнете со млака вода.
Маска за сите типови кожа
Во 75мл жешко млеко додајте рака цветови од камилица. Оставете ги да отстојат 20 минути, процедете, па повторно благо загрејте. Додадете ½ лажица мед и 1 лажица овесни снегулки, па топлата маска нанесете ја на лицето, вратот и деколтето. По 15 минути исплакнете со ладна вода.
Сирење и лимон за убави очи
Две лажици безмасно сирење помешајте со малку црн чај и 3-4 капки сок од лимон. Држете ја смесата 10тина минути околу очите, па исплакнете.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.