| четврток, 6 декември 2018 |

Дали знаете кога прв пат е воведено летното сметање на времето во Македонија?

Летното сметање на времето прва го вовела Германија во 1916 година, заедно со нејзините сојузници од Првата светска војна. Целта била да се заштеди јаглен, кој бил главен енергенс во тоа време. Следната година од иста причина им се приклучила и Британија со сојзузниците, додека Русија и САД се двоумеле уште неколку години. По крајот на војната, најголемиот број земји, со исклучок на Британија и уште неколку други, го укинале поместувањето на часовникот се до Втората светска војна.

По 1945 година, во многу делови од светот било укинато летното сметање на времето поради протест на земјоделците и професорите, но во 70-тите повторно следувала голема енергетска криза, поради што светот повторно се вратил на старата практика. Во поранешна Југославија, а воедно и во Македонија, прв пат е воведено летно сметање на времето во 1983 година.

Во Европа, па и во Македонија, часовниците се поместуваат еден час нанапред во последниот викенд од март, додека во САД тоа се прави три недели порано. Причината за такво е нешто се крие во бизнис интересите на силните лоби групи во Америка кои успеале да обезбедат дополнителни неколку недели летно време што им се одразува на прометот, затоа што повеќе луѓето имаат обичај да пазарат преку ден отколку ноќе.

И покрај бројните докази за заштеди на електрична енергија, се појавиле теории според кои се тврди дека нема голема заштеда на енергија со летното сметање на времето,

Русија пред две години донесе одлука преку целата година да има летно сметање на времето. Тогашниот претседател Дмитри Медведев рекол дека трајната промена благотворно ќе делува на сограѓаните решавајќи ги од стресот и од некои болести.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top