| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски го посети реконструираното подрачно училиште во Требеништа

Премиерот Никола Груевски денеска го посети реконструираното подрачно училишта во селото Требеништа. Со реконструкцијата, обновена е фасадата, заменети се прозорците и поставен е нов под.

treb treb1 treb2 treb3

– Пред неколку години преку Министерството за образование помогнавме и за замена на кровот во ова училиште, општината и градоначалникот помогнаа за изградба на салата во кругот на училиштето, така што може да се каже дека со заеднички сили правиме големи чекори напред за подобрување на условите за наставата за учениците од овој регион, истакна Груевски, нагласувајќи дека Владата ќе продолжи со реализација на ветените проекти.

treb

Во рамките на посетата на општина Дебарца, претходно премиерот го пушти во употреба реконструираниот водоводен систем во селото Ботун и го означи почетокот на изградба на колекторски систем во селото Мешеишта.

treb2

 

Од големо значење за жителите на Дебрца тој ја спомена изградбата на канализацијата во селата Лешани и Велмеј, која ќе се гради во наредниот период, како и изградбата на пешачката патека кај Оровник, за што ќе бидат инвестирани околу 200.000 евра, како и изградбата на плажа во општината.

treb3

 

– Од неодминливо значење за општина Дебрца е и изградбата на новиот автопат како од инфраструктурен, така и од аспект на нови вработувања. Радува фактот што фирмите кои работат на изградба на автопатот веќе имаат вработено дел од локалното население, така што верувам дека во наредниот период ќе има и нови вработувања за време на реализацијата на овој квалитетен проект на Владата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top