| четврток, 6 декември 2018 |

Напад врз хотел во Мали, седуммина загинати

­ Најмалку седум луѓе загинаа во напад врз хотел во градот Севаре, во централниот дел од Мали во кој престојуваат странци. Меѓу загинатите се и четворица војници, двајца од напаѓачите и еден цивил.

mali

Според воен извор на кој се повикуваат западни медиуми, во нападот извршен денеска од вооружени лица, има и киднапирани луѓе.

Армиски сили го блокирале реонот околу хотелот. Во операцијата убиени се двајца војници и тројца се ранети. Ликвидиран бил маж кој имал експлозив на себе.

Според западни медиуми, нападот е извршен од исламисти, а цел бил хотелот во кој престојуваат лица од ОН. Во престрелката со војниците близу зградата убиени се најмалку три лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top