Обединетата македонска дијаспора ја честита 35-годишнината од основањето на македонското литературно друштво и библиотека „Григор Прличев“ во Сиднеј. Библиотеката именувана по преродбеникот од Охрид на 31 март 1978 ја основале членовите на австралиско-македонската заедница во Сиднеј, а целта е да се изучува, зачува и промовира македонскиот јазик и македоснките литературни дела.
– Имав привилегија да ја посетам библиотеката за време на мојата посета на Австралија во февруари 2010 година, кога го промовиравме ОМД, и бев пријатно изненаден од работата што овие талентирани писатели и лингвисти ја имаат вложено во изградбата на македонската библиотека во Сиднеј, изјави претседателот на ОМД Методија А. Колоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


