„Зегин хеалти фуд“ денеска донираше 20.000 евра помош на настраданите во Тетово и целата тетовска општина. Помошта дирекно ја донираше Благој Механџиски на градоначалничката Теута Арифи, а помошта се состои од 10.000 евра готовина на сметката на општината Тетово, како и уште 10.000 евра во медикаменти и помагала, како и комплетна облека за настраданите од поплавата, кои ги загубија своите најмили.
Механџиски во својата изјава за ТВ „Арт“ им се обрати на сите граѓани и им изрази сочуство на настраданите во Тетово и во Тетовско велејќи дека сочувствува со нивната болка. Тој рече дека секогаш стои на располагање на овој убав град, на сите негови жители, без разлика на нивната верска припадност!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат
-
Кампањата „Подарено срце“ донесе медицинска опрема за поефикасно лекување на деца со респираторни проблеми
-
Институтот „Јунуз Емре“-Скопје ќе донира книги на отсекот по турски јазик на Филолошкиот факултет
-
Донација на дидактички помагала за децата од домот „11 Октомври“