Времето деенска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено околу пладне. Ќе дува умерен, а во источните делови и во Пелагонија засилен ветер од југоисточен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Врнежите на места ќе имаат пороен каркатер и ќе наврнат од 10 до 15 литри на метар квадратен, а ќе бидат проследени со грмежи и засилен ветер со брзина над 60 километри на час.
Утре ќе има преодно стабилизирање на времето, а од вторник под влијание на нов влажен бран се очекуваат пообилни врнежи од дожд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


