| четврток, 6 декември 2018 |

Рускиот Били повторно против Работнички

Поранешниот руски репрезентативец Динијар Билиалетдинов ќе биде единствениот играч на Рубин Казањ, кој има играно против Работнички и тоа пред точно 10 години во двомечот од второто квалификациско од Лигата на шампионите како член на Локомотив Москва.

rubin

Популарниот Били тогаш се радуваше на успех, бидејќи Локомотив беше подобар во двомечот и со победа од 2-0 и нерешено 1-1 мина понатаму. Тој има 30 години и 46 настапи за руската репрезентација, а играше и против македонската репрезентација во квалификациите за ЕП 2008.

Динијар сега е член на Рубин, последната пречка за Работнички за настап во Лигата на Европа на УЕФА. Најголема ѕвезда во тимот од Казањ сепак е турскиот репрезентативец Гокдениз Карадениз, кој е напаѓач и е во зенитот на кариерата со полни 35 години. Во нападот е и поранешниот голем талент на рускиот фудбал Владимир Дјадјун, потоа и актуелниот руски репрезентативец Максим Кануников, но Рубин е екипа која може да се мине и може да се потврди дека Работнички има ривал што може да го елиминира.

По 3 кола во руското првенство Рубин е последен со три порази и сè уште е без постигна погодок со гол-разлика 0-4.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top