| четврток, 6 декември 2018 |

Во Кемер, во ист ден може да скијате на планина и да се капете в море

Пр­во што ќе за­бе­ле­жи­те е чи­сто­та­та на гра­дот. Не­ма ни­ка­де фр­ле­на хар­ти­ја, до­гор­че или не­што слич­но, са­мо уред­ни ули­ци со мно­гу дрв­ја и цве­ќи­ња. Ку­ќи­те во Ке­мер изг­ле­да­ат бо­га­то, но се хар­мо­нич­ни и има­ат најм­но­гу по два ка­та

Во Ке­мер, сѐ што ви­дов ми се до­пад­на од прв пог­лед. Чи­сто, уба­во и ве­ту­вач­ки. За вре­ме на во­зе­ње­то со ми­ни-авто­бу­сот мнош­тво хо­те­ли оста­наа зад нас, од­вре­ме-на­вре­ме се по­ја­ву­ва­ше тир­киз­но­си­но­то мо­ре, а на не­бо­то не­ма­ше ни­ту еден об­лак. Во­ди­чот Са­ми ни ги по­ка­жа окол­ни­те пла­ни­ни и ни об­јас­ни де­ка ги за­др­жу­ва­ат об­ла­ци­те, па за­тоа ре­чи­си 300 де­на во го­ди­на­та ов­де е сон­че­во. Во цен­та­рот на Ке­мер нѐ пре­че­ка чист, пре­кра­сен хо­тел и ти­пич­на тур­ска куј­на.

По ку­са­та про­ше­тка и разг­лед на ша­ре­ни­те про­дав­ни­ци и на тур­ски­те дре­бу­лии, оста­то­кот од ве­чер­та го по­ми­нав­ме на те­ра­са­та од хо­те­лот. След­но во што ужи­вав­ме бе­ше фе­но­ме­нал­на­та тем­пе­ра­ту­ра на мор­ска­та во­да, не­мир­ни­те бра­но­ви и пла­жа­та со сит­ни ка­мен­чи­ња. Ре­чи­си се­кој хо­тел има свој ба­зен и пли­ва­ње­то во не­го е мош­не при­јат­но со ог­лед на ви­со­ка­та тем­пе­ра­ту­ра на воз­ду­хот.

kemer-turcija-3

Оди­ме да го разг­ле­да­ме Ке­мер. Про­ше­тка­та низ цен­та­рот е фас­ци­нант­на, а крај­на­та ста­ни­ца е па­за­рот, ка­де што ца­ру­ва­ат ша­ре­ни­ло­то, су­ве­ни­ри­те, зла­тар­ни­ци­те и автен­тич­на­та тур­ска сто­ка. Има и мно­гу про­дав­ни­ци со про­из­во­ди од пре­поз­нат­ли­ви мар­ки со мош­не по­вол­ни по­пу­сти, но и про­дав­ни­ци со ки­не­ска сто­ка, су­пер­мар­ке­ти и без­број хо­те­ли.

Во про­дол­же­ние на ули­ца­та ка­де што е на­ши­от хо­тел, ка­ко да се на­о­ѓа сре­ди­ште­то на си­те ка­фу­ли­ња, ди­ско­те­ки и лу­да ноќ­на за­ба­ва. На се­кој што са­ка но­ќен жи­вот, овој град му ве­ту­ва мно­гу. Ка­фу­ли­ња­та се нат­пре­ва­ру­ва­ат во глас­на­та му­зи­ка, и стран­ска и тур­ска, а го­сти­те игра­ат и се ве­се­лат на про­дор­ни­те зву­ци на та­ра­бу­ка­та. Кел­не­ри­те ги до­ви­ку­ва­ат ми­ну­ва­чи­те да вле­зат во нив­ни­от ре­сто­ран или ка­фу­ле и ре­чи­си се­ко­го го пра­шу­ва­ат од ка­де до­а­ѓа.

kemer-turcija-2

Па­за­ре­ње­то е не­из­беж­но, а итри­те тр­гов­ци ја ко­ри­стат се­ко­ја при­го­да да зе­мат што по­ве­ќе ли­ри, евра или до­ла­ри… со­се­ма е се­ед­но. Обич­но ќе по­ну­дат двој­но по­ви­со­ка це­на од ви­стин­ска­та. Це­на­та на сре­бро­то и на зла­то­то е ре­чи­си иста ка­ко кај нас, но по­ну­да­та е тол­ку го­ле­ма што ре­тко кој мо­же да одо­лее и да не за­ста­не пред из­ло­зи­те на зла­тар­ски­те ду­ќа­ни.

Ре­сто­ра­ни­те по­крај мо­ре­то ну­дат бо­гат из­бор на ја­де­ња, за ре­чи­си слич­ни це­ни ка­ко кај нас. За­дол­жи­тел­но тре­ба да се про­ба тур­ски­от чај од ја­бол­ко и бак­ла­ва­та. Оброк во ре­сто­ран чи­ни од осум евра, па на­го­ре, но иск­лу­чи­тел­на­та љу­без­ност на кел­не­ри­те се­ко­гаш ус­пе­ва да из­ну­ди по­го­лем ба­кшиш.

Ше­тај­ќи низ Ке­мер, Са­ми ни об­јас­ну­ва де­ка ста­ну­ва збор за не­ко­гаш­но ма­ло ри­бар­ско ме­сто, а де­нес актив­но ле­ту­ва­ли­ште. Пр­во што ќе за­бе­ле­жи­те е чи­сто­та­та на гра­дот. Не­ма ни­ка­де фр­ле­на хар­ти­ја, до­гор­че или не­што слич­но, са­мо уред­ни ули­ци со мно­гу дрв­ја и цве­ќи­ња. Ку­ќи­те во Ке­мер изг­ле­да­ат лу­ксуз­но, но ар­хи­те­ктон­ски во­оп­што не ли­чат на на­ши­те ку­ќи, ту­ку се хар­мо­нич­ни, и има­ат најм­но­гу по два ка­та.

kemer-turcija-4

На ули­ци­те на Ке­мер ре­тко ќе ви­ди­те ку­чи­ња, но за­тоа не не­до­сти­га­ат мач­ки. На се­кој че­кор на Ке­мер се гра­ди: па­ти­шта, згра­ди, хо­те­ли, ку­ќи, а та­му ка­де што не се гра­ди, лу­ѓе­то се за­ни­ма­ва­ат со зем­јо­делс­тво и на се­кое дел­че зем­ја има за­са­де­но пи­пер­ки, до­ма­ти, кра­ста­ви­ци или овош­је. Тур­ци­те ра­бо­тат со пол­на па­реа, но ра­бо­тат план­ски. И до­де­ка ужи­ва­те во пре­у­ба­ви­от ам­би­ент на ку­ќи и на по­ма­ли згра­ди, вле­гу­ва­те во рај на зем­ја­та. Ка­ко од еден дел на све­тот да сте влег­ле во не­ре­а­лен свет во кој се про­сти­ра­ат хо­тел­ски комп­ле­кси со бо­жес­тве­ни пла­жи на кои им не­ма крај. Хо­те­ли­те, чи­и­што сопс­тве­ни­ци се Ру­си или Азер­беј­џан­ци се пре­поз­на­ва­ат по ма­сив­но­ста и по ку­по­ли­те, до­де­ка тур­ски­те и гер­ман­ски­те се, исто та­ка, гран­ди­оз­ни, но има­ат топ­ли­на и удоб­ност.

kemer-turcija-5

Ке­мер е ед­но од ре­тки­те ме­ста на све­тот ка­де што во ист ден мо­же­те да ски­ја­те на пла­ни­на и да се ка­пе­те в мо­ре, во што и са­ми­те се уве­рив­ме. Тој е ви­стин­ски хит во те­кот на ра­на­та про­лет ко­га ед­на та­ква ком­би­на­ци­ја на утрин­ско ужи­ва­ње во сне­гот и поп­лад­нев­но­то пли­ва­ње во мо­ре­то е нај­и­зра­зе­на. Цен­та­рот е разд­ви­жен, при­ја­тен и со го­ле­ма пе­шач­ка зо­на.

Сме­сту­ва­ње­то во хо­те­лот „Ло­тус“ е од­лич­но, а ва­ше е са­мо да дој­де­те и да ужи­ва­те. Хо­те­ли­те во Ке­мер нај­че­сто се со пет ѕвез­ди, со „сѐ вклу­че­но“ и „ек­стра сѐ вклу­че­но“, и во еден та­ков пре­сто­ју­вав­ме. Со­би­те се за две, три или че­ти­ри ли­ца и ре­чи­си си­те има­ат пог­лед на мо­ре или на рас­кош­ни­те ба­зе­ни од те­ра­си­те. Во се­ко­ја со­ба има ми­ни-бар полн со со­ко­ви, чај, ка­фе, во­да…

За тур­ска­та хра­на не е по­треб­но да се збо­ру­ва. Ре­сто­ра­ни­те ра­бо­тат 24 ча­са и ну­дат нај­мал­ку 50 глав­ни ја­де­ња, са­ла­ти, ко­ла­чи, овош­је и зе­лен­чук во изо­билс­тво. По­крај стан­дард­на­та тур­ска куј­на со ќе­ба­пи и со јаг­не­шко, се под­го­тву­ва­ат и ри­ба, те­ле­шко, ју­не­шко ме­со, мор­ски пло­до­ви и што е нај­бит­но мо­же­те да ја­де­те кол­ку што са­ка­те. Ко­га и да сле­зе­те во ре­сто­ра­нот вед­наш до­а­ѓа не­кој од пер­со­на­лот и ве пра­шу­ва да­ли ви тре­ба не­што. По­крај ре­сто­ра­нот, ту­ка се и ба­ро­ви­те, но и по­себ­ни ре­сто­ра­ни со ита­ли­јан­ска, фран­цу­ска и ки­не­ска куј­на. Има прем­но­гу ба­зе­ни со нај­раз­лич­ни об­ли­ци и го­ле­ми­ни на кои мо­же­те да им се вос­хи­ту­ва­те, а ако не сте љу­би­тел на ба­зе­ни, или ако по­ве­ќе ви од­го­ва­ра тур­ска ба­ња, мо­же­те без проб­лем да го ко­ри­сти­те и тоа, ка­ко и ма­са­жа и фит­нес-цен­тар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top