| четврток, 6 декември 2018 |

Битолчани сè уште живеат во стилот на конзулска Битола

Во мо­мен­тов гра­дот има два­на­е­сет кон­зу­лар­ни прет­став­ниш­тва, од кои два ге­не­рал­ни и де­сет по­чес­ни. Ге­не­рал­ни кон­зу­ла­ти има­ат Бу­га­ри­ја и Гр­ци­ја, а по­чес­ни Ру­си­ја, Ро­ма­ни­ја, Ср­би­ја, Тур­ци­ја, Укра­и­на, Ун­га­ри­ја, Фран­ци­ја, Цр­на Го­ра, Ав­стри­ја и Бос­на и Хер­це­го­ви­на

Гра­дот на кон­зу­ли­те е вто­ро­то име за гра­дот Би­то­ла. Тоа се за­бе­ле­жу­ва уште при за­че­ко­ру­ва­ње­то по би­тол­ски­те ули­ци. Ја по­се­тив­ме сре­де ле­то… Врие на Ши­рок со­как, глав­на­та ар­те­ри­ја на гра­дот, ме­сто ка­де што не­ма би­тол­ча­нец, но и тие што не се од Би­то­ла, да не сед­нат да ис­пи­јат ка­фе. Сед­ну­вам и го кре­вам пог­ле­дот кон стил­ски­те згра­ди по­диг­на­ти по­крај ули­ца­та. Ту­ка се сме­сте­ни тур­ски­от, срп­ски­от, бо­сан­ски­от кон­зу­лат… От­ту­ка ја поч­ну­ва­ме на­ша­та при­каз­на за кон­зул­ска Би­то­ла.

– Во вр­вот на сво­ја­та сла­ва во гра­дот има­ше два­е­сет кон­зу­ла­ти, но по­сте­пе­но, со сла­бе­е­ње­то на др­жа­ва­та, со до­а­ѓа­ње­то на ди­на­сти­ја­та Ка­ра­ѓор­ѓе­виќ на власт, и по­доц­на тој број по­сте­пе­но опа­ѓа­ше и стиг­на до са­мо не­кол­ку кон­зу­ла­ти. Со не­за­вис­но­ста на Ма­ке­до­ни­ја, Би­то­ла по­сте­пе­но ја вра­ти ста­ра­та сла­ва. По­втор­но поч­ну­ва­ат да се отво­ра­ат кон­зу­ла­ти и гра­дот го до­би­ва сво­јот не­ко­га­шен сјај – ни ве­лат би­тол­ча­ни.

Bitola-rep152-3

Во вре­ме на ото­ман­ска­та др­жа­ва, гра­дот имал мно­гу кон­зу­ли од си­те зна­чај­ни зем­ји, па Би­то­ла се сме­та­ла за кон­зу­ла­рен град. На 26 ју­ли 1903 го­ди­на, на вле­зот во гра­дот бил по­гу­бен ру­ски­от кон­зул Але­ксан­дар Ар­ка­ди­је­вич Рос­тков­ски, бо­рец за пра­ва­та на пра­вос­лав­но­то на­се­ле­ние, кое Тур­ци­те го уг­не­ту­ва­ле, а де­не­ска на ме­сто­то на по­гу­бу­ва­ње­то стои го­лем ру­ски крст.

Bitola-rep152-4

Ка­ко Би­то­ла ста­на­ла град на кон­зу­ли­те? Сре­ди­на­та на 19 век е пер­и­од ко­га нај­го­ле­ми­те европ­ски си­ли, са­кај­ќи да го за­си­лат сво­е­то вли­ја­ние на Бал­ка­нот, а по­тоа и да го про­ши­рат кон исток, поч­на­ле да ги за­си­лу­ва­ат сво­и­те дип­ло­мат­ски актив­но­сти. Ва­кви­те ин­те­ре­си до­ве­ле до офор­му­ва­ње на ед­на но­ва по­и­на­ква „кон­зул­ска Би­то­ла”.

– Мо­же сло­бод­но да се ре­че де­ка во овој пер­и­од Би­то­ла до­стиг­ну­ва нај­ви­сок еко­ном­ски, по­ли­тич­ки, па и кул­ту­рен прос­пе­ри­тет. Ова е пер­и­од ко­га нај­моќ­ни­те европ­ски си­ли Анг­ли­ја, Ав­стри­ја, Фран­ци­ја, Ита­ли­ја, Ру­си­ја, Ср­би­ја, Ро­ма­ни­ја, Бу­га­ри­ја и Гр­ци­ја во Би­то­ла отво­ри­ја свои кон­зу­лар­ни прет­став­ниш­тва. Афи­ни­те­ти­те на овие др­жа­ви и нив­ни­те кон­зу­лар­ни­те прет­став­ниш­тва­та изра­зе­ни пре­ку про­па­ган­да­та, не би­ле са­мо по­ли­тич­ки и еко­ном­ски, ту­ку и те­ри­то­ри­јал­ни, ка­ко што ќе се по­ка­же по­доц­на при по­дел­ба­та на Ма­ке­до­ни­ја. Раз­ви­е­ни­те тр­гов­ски вр­ски со Ви­е­на, Лајп­циг, Трст, Мар­сеј, Ца­ри­град и со дру­ги зна­чај­ни тр­гов­ски цен­три со отво­ра­ње­то на дип­ло­мат­ски­те прет­став­ниш­тва са­мо би­ле прод­ла­бо­че­ни – се се­ќа­ва­ат по­ста­ри­те жи­те­ли на кон­зул­ски­от град.

Bitola-rep152-6

Еко­ном­ски­от прос­пе­ри­тет на гра­дот вли­ја­ел и врз отво­ра­ње­то на го­ле­ма­та Ото­ман­ска бан­ка, на Фран­цу­ска­та бан­ка и на уште не­кол­ку ва­кви го­ле­ми фи­нан­си­ски ин­сти­ту­ции. На ва­ков на­чин еко­ном­ски, но и по­ли­тич­ки Би­то­ла ста­на­ла ме­сто ка­де што лес­но до­а­ѓа­ле и се при­фа­ќа­ле нај­раз­лич­ни вли­ја­ни­ја, но овој пат европ­ски.

– Ку­ќи­те се гра­деа со ком­би­на­ци­ја на тра­ди­ци­о­нал­ни­те гра­ди­тел­ски тех­ни­ки и но­ви­те европ­ски сти­ло­ви и вли­ја­ни­ја. Во де­ко­ра­тив­на смис­ла, тие до­би­ја фи­зи­о­но­ми­ја на европ­ски ку­ќи, ка­кви што се сре­ќа­ва­ле во европ­ски­те гра­до­ви, но во сми­сол на функ­ци­о­нал­но­ста тие оста­наа во рам­ки­те на тра­ди­ци­ја­та. Не­ко­гаш­ни­те до­ла­пи по­сте­пе­но се за­ме­ну­ва­ат со нај­раз­лич­ни кре­ден­ци и шка­фо­ви. Пор­це­ла­нот ста­ну­ва сѐ по­при­фа­тен од бо­га­ти­те би­тол­ски фа­ми­лии. Не­ко­гаш­ни­те обич­ни га­зи­е­ни лам­би се за­ме­не­ти со но­ви пор­це­лан­ски уве­зе­ни од Ви­е­на, Лајп­циг, Мин­хен. Кла­ви­ри­те и пи­ја­на­та, кои ги има­ло во огро­мен број во гра­дот, ста­ну­ва­ат пред­мет на пре­стиж. Ду­ри и тие би­тол­ски фа­ми­лии што не­ма­ле ни­ту еден му­зич­ки обра­зо­ван член има­ле свои кла­ви­ри за­тоа што тоа им обез­бе­ду­ва­ло сво­е­ви­ден уг­лед во гра­дот. От­ту­ка, всуш­ност, до­а­ѓа и епи­те­тот „град на кла­ви­ри­те“. Про­ме­ни­те се чув­ству­ва­ле на се­кој че­кор. Европ­ска­та мо­да ја за­ме­ни­ла не­ко­гаш­на­та тра­ди­ци­о­нал­на об­ле­ка – ве­лат би­тол­ча­ни.

Bitola-rep152-2

И по­втор­но при­каз­на­та нѐ вра­ќа на Ши­рок со­как. По це­ла­та ули­ца би­ле из­гра­де­ни и де­не­ска се чу­ва­ат ста­ри­те ку­ќи со стил­ски фа­са­ди во кои жи­ве­ат ста­ри­те би­тол­ски се­мејс­тва. Глав­на­та град­ска ули­ца ста­на­ла ме­сто ка­де што бо­га­ти­те да­ми и гос­по­ѓи, се­ко­гаш до­те­ра­ни по нај­но­ва мо­да, шу­шка­ле со сво­и­те фу­ста­ни пре­диз­ви­ку­вај­ќи мно­гу­број­ни воз­ди­шки и прив­ле­ку­вај­ќи ту­ѓи пог­ле­ди. Во окол­ни­те ме­а­ни и ка­фе­а­ни, нај­че­сто при­дру­же­ни со ка­фе, ло­кум и со ци­га­ри, се во­де­ле нај­раз­лич­ни ди­ску­сии, се збо­ру­ва­ло за акту­ел­ни­те по­ли­тич­ки или еко­ном­ски слу­чу­ва­ња, се до­го­ва­ра­ле но­ви тр­гов­ски здел­ки, но се до­фр­ла­ле и ше­рет­ски пог­ле­ди кон мла­ди­те гос­по­ѓи, кои ток­му ту­ка, пред овие гос­по­да, из­лег­ле да се про­ше­та­ат. Зву­ци­те на пај­то­ни­те и на се­ре­на­ди­те би­ле ре­чи­си не­ра­скин­лив при­дру­жен еле­мент на се­којд­не­ви­е­то на Ши­рок со­как.

Bitola-rep152-5

Оваа тра­ди­ци­ја про­дол­жу­ва и де­нес. Тра­ди­ци­ја­та на пи­е­ње ка­фе и срет­ну­ва­ње со при­ја­те­ли на му­а­бет на Ши­рок со­как, по­се­та на кул­тур­ни на­ста­ни, об­ле­ку­ва­ње по пос­лед­на мо­да… ед­но­став­но ста­на­ло со­ста­вен дел од жи­во­тот на би­тол­ча­ни. А кон­зу­ли­те по­втор­но се вра­ти­ја во овој град. Во мо­мен­тов Би­то­ла има два­на­е­сет кон­зу­лар­ни прет­став­ниш­тва од кои два ге­не­рал­ни и де­сет по­чес­ни. Ге­не­рал­ни кон­зу­ла­ти има­ат Бу­га­ри­ја и Гр­ци­ја, а по­чес­ни Ру­си­ја, Ро­ма­ни­ја, Ср­би­ја, Тур­ци­ја, Укра­и­на, Ун­га­ри­ја, Фран­ци­ја, Цр­на Го­ра, Ав­стри­ја и Бос­на и Хер­це­го­ви­на.

Bitola-rep152-8

 

Пишува: Невена Поповска
(Текст објавен во 152. број на неделникот „Република“, 31.07.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top