| четврток, 6 декември 2018 |

Дебар испрати механизација за расчистување во Тетовско

тетово

Со цел да се помогне во расчистувањето на теренот во Тетовско, општина Дебар испрати соодветна механизација.

– Како прва помош при соочување со последиците од природната катастрофа што го снајде тетовскиот крај, испративме тешка механизација, два булдужера и два камиона, сопственост на претпријатието „Стар-М“, сопственост на Мазлам Хасан. Набрзо, Советот на Општината ќе донесе одлука за испраќање и финансиска помош, во рамки на нашите можности, како што сторивме и за Куманово – изјави градоначалникот на Дебар Ружди Љата.

Тој од свое и од името на жителите на Дебар изрази сочувство до семејствата на настраданите.

Во меѓувреме во тек е акцијата на Општинската организација на Црвениот крст за прибирање хуманитарна помош, главно вода за пиење, прехранбени артикли и средства за одржување хигиена.

– Голем е интересот на граѓани и претставници на бизнис-секторот, кои даруваат помош – информира Општинската организација на Црвениот крст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top