Премиерот на Кенија и кандидатот за претседател Раил Одинга соопшти дека ја прифатил одлуката на Врховниот суд со која се потврдува дека на претседателските избори победил контроверзниот Ухуру Кенијата, синот на Џом Кенијата, борец против колонијализмот и основач на независна Кенија во 1964 година.
Одинга се пожалил дека судот не му дозволил да ги изнесе доказите за изборните нерегуларности поради што Кенијците останале без сознанија за тоа што се случило со пребројуваењто на гласовите. Сепак, тој решил да ја прифати одлуката за да не западне земјата во внатрешни судири. Одинга му ја честитал победата на неговиот конкурент, а на граѓаните им порачал да останат мирни.
По соопштувањето на судската одлука, во градот Кисуму, каде што е главниот штаб на поразениот претседателски кандидат, незадоволните партиски активисти се судриле со полицијата, при што двајца демонстранти биле повредени.
Новоизбраниот претседател е обвинет пред Меѓународниот кривичен суд за злосторства против човештвото како и за поттикнување насилства по претходните избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.