Премиерот Никола Груевски денеска ќе го посети охридскиот регион.
Владината служба за информирање соопшти дека Груевски ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструиран водовод во село Ботун и на поставување камен-темелник за изградба на колекторски систем, на потегот меѓу селата Мешеишта и Волино.
Во село Требеништа, според најавата, премиерот ќе го посети реконструираниот објект на подрачната единица на основното училиште „Дебрца“, по што ќе присуствува на пуштање во употреба на новоизградениот кружен тек во Охрид, на улиците „Туристичка“ и „Бистрица“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.