| четврток, 6 декември 2018 |

Голем е ризикот од нов катастрофален земјотрес во Непал и во северна Индија

Image: Nepal earthquake

Постои зголемен ризик, во блиска иднина, да се случи нов катастрофален земјотрес во реонот на Непал и на Индија, предупредуваат британски научници.

Во објавените научни анализи, во специјализираните списанија „Нејчар геосајенс“ и „Сајенс“ се откриваат најнивите сознанија, според кои, катастрофалниот земјотрес од 25 април оваа година во Непал, не ја ослободил целата енергија што била создадена во длабочината на земјината утроба, па затоа, наскоро тоа би можело да предизвика нов силен потрес.

„Овој регион бара постојано внимание, затоа што доколку би се случило ново поместување на почвата, тоа би имало катастрофални размери, поради густо населените реони во западен Непал и во северна Индија„- изјавил за „Би-Би-Си“, професорот на Универзитетот во Кембриџ, Жан Филип Авоак.

Земјоттресот со интензитет од 7,8 степени според Рихтеровата скала, што се случи во април годинава, предизвика смрт на повеќе од девет илјади лица и остави повеќе илјади ранети и големи разурнувања.

Научниците веќе имаат воспоставено редовен мониторинг на целиот регион, што го означуваат како „зона на судирњето“.

Според научниците, во оваа зона се „допираат“ индиското тектонско плато, кое притиска врз северното, евроазиско плато, движејќи се со брзина од два сантиметри годишно.

Линијата на судирањето е во реонот на Химелаите, блиску до Катманду, главниот град на Непал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top