| четврток, 6 декември 2018 |

Русија уништи 290 тони увезена храна

File photo of customer choosing sausage at Auchan grocery store in Moscow

Руската Служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор „Росељхознадзор“ соопшти дека денеска се уништени 290 тони прехранбени производи, кои се опфатени со санкции, а се одземени 407 тони храна.

Декретот за уништување храна, опфатена со ембарго денеска стапи во сила. Овој документ е потпишан од рускиот претседател Владимир Путин.

Производите увезени во Русија и опфатени со ембарго можат да бидат уништени на кој било начин во согласност со еколошките регулативи.

Неколку западни земји, вклучувајќи ги САД и членките на ЕУ, неколку пати воведоа санкции против Русија поради нејзиното наводно учество во кризата во Украина. Москва, која ги негираше таквите тврдења, одговори со забрана за увоз на храна од земјите што ги воведоа санкциите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top