| четврток, 6 декември 2018 |

Гостиварка прегазена на влез на градот се бори за живот

зена

Четириесетгодишна жена е тешко повредена откако на неа налетало возило во близина на надвозникот за влез во Гостивар. Жената со тешки повреди на нозете и на ‘рбетот е пренесена на скопските клиники каде што лекарите се обидуваат да ѝ го спасат животот.

Според СВР Тетово, собраќајната несреќа се случила синоќа околу 21.30 часот, кога А. З. (40) се обидувала да премине преку коловозот во близина на седиштето на секцијата на „Македонија пат“. Во тој момент на неа налетало возило „фиат“ со австриски регистерски ознаки, кое го управувал А.А. (36) од гостиварското село Падалиште.

Жената била набрзо пренесена во гостиварската болница од каде што како итен случај и во тешка состојба е пренесена за Скопје.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа на СВР Тетово, по што ќе бидат познати поединостите што довеле до несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top