Грција му исплати 186,3 милиони евра на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), во момент кога се водат преговори за третиот финансиски спасувачки план за Атина.
– Грција денеска ги исплати каматите што ги должи кон ММФ – изјави портпарол на финансиската институција.
Тоа е првиот случај од почетокот на јуни, во кој Грција ја исплаќа сумата што ја должи кон ММФ во утврдениот рок.
Откако побара поместување на рокот, Грција на 30 јуни влезе во банкрот по долгот кон ММФ, кој од 2010 година е еден од главните меѓународни кредитори на земјата.
Атина пропушти нова исплата во средината на јули, со што нејзините задолженија кон ММФ се зголемија на две милијарди евра.
Претставниците на кредиторите на Грција (ЕК, ЕЦБ и ММФ) се во Атина една седмица во обид да изработат финансиски спасувачки план за Грција преку заем од над 80 милијарди евра за три години.
ММФ предупреди дека нема да ја финансира Грција додека Атина не усвои целосен план за реформи и додека Европејците не се согласат да простат дел од грчкиот долг, кој е околу 320 милијарди евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Мисија на ММФ ќе врши годишен преглед на македонската економија
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!