Онур Киврак е вистински трагичар во редовите на Трабзонспор, а грешката на една од иконите на турскиот клуб и миленик на навивачите беше клуч на успехот на Работнички. Романтичарите од Македонија апсолутно заслужено приредија голема сензација со елиминација на скапиот проект од Турција, со играчи проценети во вредност од над 100 милиони евра.
Киврак кој бесен го напушти Скопје пред една седмица по кавгата со тренерот Шота Арвелаѕе и со спортскиот директор на Трабзонспор, беше помилуван за реваншот и застана на голот на трускиот тим.
Кам-бек таман на време, бидејќи по неговиот кикс во 112. минута, но и по извонредниот пас на Милан Илиевски и итриот удар со глава на Кире Маркоски, Работнилки израмни на 1-1, резултат што беше доволен за нова скопска романтична приказна.
Онур излета во празно, за полн погодок на Работнички и втор пласман на клубот од Дебар маало во плејофот за настап во Европа Лигата на УЕФА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.