| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски АРСЛАНИ, Работнички го нокаутира скапиот Трабзонспор

 

 

 

Работнички е европски хит, а играчите на македонскиот претставник се вистински АРСЛАНИ по јуначката битка во Турција и елиминацијата на скапиот тим на Трабзонспор. Звучи неверојатно, но е вистинито, малиот клуб од скопско Дебармаалло го нокаутира над 100 милиони евра вредниот состав од брегот на Црното море и тоа со играч помалку.

rabotnicki-6

Милан Илиевски одигра капитенски во 112. минута кога со долг пас од преку 30 метри го погоди во глава Кире Маркоски, а напаѓачот со удар со глава израмни на 1-1, резултат што го одведе македонскиот тим во плејофот за настап во Европа Лигата.

Работнички играше храбро, со срце, а не се предаде и по негативата од 0-1 по 55 минути игра, ниту потоа кога беше исклучен Трајчевски.

Мечот во регуларниот дел заврши со резултат 1-0 за Трабзонспор, идентично како и во Скопје, но тогаш во полза на Работнички. Се играа продолженија по кои вистински спортски херои се сите во експедицијата на македонскиот состав.

За Работнички ова е втор настап во плејофот, фаза што е последна во квалификациите за настап во Лига Европа. Во првиот обид Лацио беше поуспешен од романтичарите, а утре на ждрепката во Нион ќе се знае кој тим ќе биде последната пречка на Работнички за евентуален прв и историски настап на македонска екипа во фаза по групи во европските натпреварувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top