Албанската влада издвои 50 илјади евра за ублажување на последиците од поплавите во Тетовско и искажа длабоко сочувство за семејствата на настраданите.
– Се доделува финансиска помош на Владата на Република Македонија за ублажување на штетите предизвикани од поплавите. За таа цел се издвоени средства од 50 илјади евра – стои во одлуката на албанската Влада.
Веста најпрво на својот профил на Фејсбук ја соопшти шефот на дипломатијата Дитмир Бушати, оценувајќи ја ваквата одлука како чин на солидарност и братска подршка за Тетово.
– Солидарост и братска подршка за Тетово. Денеска одобривме фонд од 50 илјади евра како помош за надминување на вонредната состојба во Тетово- напиша Бушати на неговиот профил на фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Донесена одлука за почеток на јавната расправа за уставните измени
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија



