| четврток, 6 декември 2018 |

Заврши фудбалската сага, Ди Марија се пресели во ПСЖ за 60 милиони евра

anhel di marija

Анхел ди Марија е нов член на Пари сен Жермен, откако аргентинскиот репрезентативец денеска и официјално го потпиша договорот со францускиот првак.

Анхел ди Марија е наш нов член со договор што има важност до 2019 година. Неговата презентација пред новинарите и навивачите ќе се одржи денеска во 18.30 часот“ – соопштија од ПСЖ.

Францускиот првак плати 60 милиони евра за да го доведе Ди Марија во своите редови од Манчестер јунајтед, една година откако не можеше да го реализира неговиот трансфер од Реал Мадрид поради казната за непочитување на финансискиот ферплеј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top