Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на почеток на јули ја отвори за јавност џамијата во озлогласниот претседателски дворец. Палатата на Ердоган во населба Бештепе во Анкара, со 1150 соби, чија изградба чинеше околу 490 милиони евра, му навлече сериозни критики.
Џамијата опфаќа 5377 метри квадратни од претседателскиот комплекс и вклучува сала за молитва, која може да собере до 3000 верници. Наречена е народна џамија Бештепе.
Со четири минариња, високи по 60 метри, џамијата својата инспирација ја црпи од османлиската архитектура и Селџуците наследство на Турција, според Ердоган.
Турскиот лидер кој ретко пушта твитови на социјалните мрежи, на „Твитер“ напиша: „ Се надевам дека џамијата Бештепе ќе ги зајакне нашето единство, солидарност и братство“.
Палатата на турскиот претседател беше предмет на жестоки спорови во пресрет на изборите помеѓу Ердоган и опозицискиот лидер, Кемал Киличдароглу, кој го обвини дека ставил златни тоалетни школки во него. Ердоган ги негираше тврдењата и го покани Киличдароглу да ја посети палатата и поднесе тужба за клевета против него.
Тој изјави дека палатата му припаѓа на народот и е достоен симбол на нова Турција.
Турските власти неодамна започнаа со виртуелна тура на палатата и покажаа делови од неа, како конгресната сала и една од најголемите библиотеки во Турција со над 5 милиони книги, која е во изградба. Библиотеката исто така ќе биде отворена за јавноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.